Од понеделник во 7 часот изутрина ќе бидат спуштени рампите и ќе бидат ставени во функција наплатните станици Преод и Кадрифаково на автопатот Миладиновци – Свети Николе – Штип и обратно, што го изгради поранешниот „режим на Груевски“.
Како то е соопштено, на наплатните станици целосно функционира електронскиот систем за наплата на патарина.
– Посочуваме дека првите две ленти од десно се за возилата кои користат М-таг електронски уред со кој се поминува со намалување и успорување на брзината на движење на возилото и без запирање, додека на останатите ленти покрај наплата во готово, може да се употреби и М-смарт картичката како електронски уред за наплата на патарина, информира денеска Јавното претпријатие за државни патишта.
Наплатните станици Преод и Кадрифаково имаат по седум наплатни кабини.
Овој автопат го изгради поранешната власт, а актуелната за 5 години успеа да ги финализира патарините за наплата.
Освен овој чочек за новите патарини, претходно актуелната власт, која ветуваше илјади километри нови автопати, успеа да одигра уште еден чочек за пуштање на автопатот од Демир Капија до Гевгелија, исто така изфраден од „претходниот режим“.