На социјалните мрежи повторно се шират повици за нов бојкот задутре во акцијата наречена „Црн петок за маркетите“ со повик граѓаните да се воздржат од купување.
Минатонеделниот бојкот кој одеше под слоганот „Попусто попусти, кога цените се исти“, доби широка поддршка од јавноста, политичките партии и Владата.
Според податоците на Управата за јавни приходи (УЈП), регистрираниот промет во осумте најголеми синџири на маркети во државата изнесувал 114,3 милиони денари, што е значителен пад од 46,59% во споредба со 24 јануари, кога прометот бил 214 милиони денари. Во однос на претходниот ден, 30 јануари, падот на прометот изнесувал 46,29%.
Но, економскиот портал Пари ги поставува прашањата дали овие залихи граѓаните ги правеле претходниот ден, за да се обезбедат за петок, или пак наредниот ден, во саботата, ги испазариле недостатоците од маркетите за својот дом.
Од она што досега можело да се види на терен од инспекторите е дека цени се ставале од ракав, во перидот кога имало одредени мерки од страна на надлежните кој опфаќале околу 3.000 производи, цени на останатите над 40.000 призоводи низ маркетите неконтролирано се покачувале. Откако ќе заврши целосната анализа, се очекува да бидат изречени и првите казни.
Последните податоци на Државниот завод за статистика покажаа дека последните три години храната поскапела за 36 проценти. Основните продукти како лебот поскапел за над 40 отсто, месото над 36 отсто, млекото, сирењето и јајцата за 39 отсто, овошјето за 33 отсто, а зеленчукот за над 44 проценти.