Албанија и Грција денес постигнале договор за поморската граница на Јонско Море, објавија албански медиуми.
Министрите за надворешни работи на двете земји, Никос Коѕијас и Дмитри Бушати успешно ги завршиле преговорите на островот Родос, каде денес почнува меѓународната конференција за безбедност и соработка со учество на министри за надворешни работи од земјите на Медитеранот и на Блискиот Исток.
Со ова, како што се наведува во медиумските извештаи, се отвора патот договорот да биде потпишан од премиерите Алексис Ципрас и Еди Рама.
Се очекува свеченото потпишување да биде за време на ЕУ самитот во Брисел на 28-29 јуни.