Големиот проблем со бегалците со кој е соочена Германија, канцеларката Ангела Меркел ќе го решава директно со Грција, пишува германскиот неделник „Ди цајт“.

Иако не кажува директно за таква можност, сепак угледниот магазин наведува дека таква можност е реална, односно Меркел соочена со внатрешен притисок ќе се пазари со Грција – нејзиниот долг во замена за преземање бегалци.

Поточно „сега на Меркел и е потребна помош од Грција и од Италија“, наведува „Ди цајт“ со цел да најде брзо оперативно решение за бегалците и да се извлече од тешката позиција која произлезе поради жестоката дебата со министертот за внатрешни работи, Хорст Зехофер и Христијанско-социјалистичката партија.

„Италија и Грција, две земји во кои канцеларката не е омилена. Германија беше жестока, тврдоглава со нив за време на кризата во еврозоната, барем мнозинствотот Италијанци и Грци така се чуствуваат. И сега на Меркел и требаат тие две земји за да ја сочува кацеларската позција. Каква шанса за Грција и за Италија“, пишува неделникот од Хамбург.

Во написот се додава дека Меркел сака да постигне билатерални договори со кои Грција би се согласила да прими бегалци од Германија. „А сето ова во време кога се преговара можно затворање на грчкиот долг. Никој ова до сега не го поврзал јавно, но потребата на Меркел може да биде шанса за Ципрас“, истакнува магазинот.