Тереза Меј, британската премиерка извојува тесна, но многу важна победа за патот кон Брегизтот, што значи нема веќе враќање во ЕУ. А, улогата на Парламентот не е толку важна како таа на премиерката. Гласањето, сепак беше тесно – Меј победи со 319-303, но доволно за да оди напред во подготовка на финалниот договор со ЕУ кој треба да биде затворен до март 2019 година.

Но, сега има друг проблем, кој е исто така европски.

Шефот на Европската комисија Жан Клод Јункер патува за Даблин затоа што пробемот со ирската раница се заканува да урне каков било договор за Брегзитот.

Прашањето е едно од најтешките прашања во преговорите за Брегзитот, па Јункер денес ќе има разговори со ирските лидери пред ЕУ Самитот наредната недела во Брисел.

Брисел прдупреди дека мора многу повеќе да се направи со границата која се протега на 482 километри меѓу Северна Ирска и Републиката, единствена копнена граница на Обединетот Кралство со европска држава и да спречи какво било движење за поделба по повлекувањето. Јункер денес ќе прими почесен докторат од Националниот универзитет, а утре се среќава со ирскиот претседател Мајкл Хигинс.

Правилата за управување со границите е едно од најпровокативните прашања со кои ќе се сочат преговарачите во Брисел. Има напредок во неколку области, како на пример за царините, за ДДВ и за нуклераниот отпад, но европскиот шеф на преговарачите, Мишел Барние, вели дека „има уште многу работа“, за да се пресретне октомврискиот краен рок.

Ирски експерт вклучен во преговорите предлага трговските договори кои ќе се потпишуват со Обединетот Кралство да бидат ставени на стенд бај, односно да се чека да се види дали Тереза Меј ќе се држи до договореното или не во врска со ирската граница.