Молк од надлежните институции за скандалот за набавка на средства за следење на комуникациите преку Оперативната техничка агенција, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ,
Владата на СДС и ДУИ злоуптребувајќи ги механизмите за следење на комуникациите сакаат да ja нарушат националната безбедност и безбедноста на над 2 милиони граѓани. Овој сомнеж доаѓа откако на 15-тата седница на Комисијата за надзор над спроведувањето на мерките за следење на комуникациите утврди сериозен сомнеж дека Оперативно техничката агенција го прекршила членот 2 од Законот за следење на комуникациите. Имено ОТА извршила незаконска набавка на средства за следење на комуникациите, оваа набавка е без соодветно Одобрение предвидено во ставот 2 од истиот член од Законот за следење на комуникациите. Сомнежот е дека оваа набака може да биде злоупотребена за нарушување на безбедноста на граѓаните на Република Македонија, како и повреда на човековите права и слободи на граѓаните кои се утврдени во Уставот на државата. За оваа набавка на ОТА, Комисијата за надзор над спроведувањето на мерките за следење на комуникациите преку заклучен изгласан на комисијата го извести и Јавниот обвинител, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
На повидок е скандал од најголеми размери, и за тоа бараме веднаш и брза постапка од надлежните институции, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.