Претседателката на Европската комисија, Урсула вон дер Лајен денеска се пофали дека предложиле на 17 држави членки на ЕУ и на три кандидатки за членство да им се даде помош од 530 милиони евра.
Подолу ја гледате и објвата на португалската комесарка за кохезија и реформи Елиса Фереира.
Сето ова е убаво. Проблемот е само што меѓу трите кандидатки за членство во ЕУ кои ќе добијат помош, во објавата на Урсула вон дер Лејен, ја нема Македонија. Последните три знамиња се на Албанија, Црна Гора и Србија, но не и на Северна.
Ако преброите, претходно еврокомесарата има објавено 16 знамиња на земји членки на ЕУ, значи го нема 17-тото за кое зборува Португалката, но таа е изречна – помош ќе добијат три кандидатки, а не четири. Значи Кај Лејен недостасува едно знаме на земја членка на ЕУ, а не на кандидатка за членство. Значи Македонија отпаѓа. Зошто? Засега не е јасно.
Но, јасно е дека ова е нов колапс на Заев, евроинтегративецот Никола Димитров и т.н. министер за надворешни работи Османи.