Собранието по второ гласање го усвои Законот за јавно обвинителство. „За“ гласаа 80 пратеници.
При првичното гласање, кое спикерот Талат Џафери го поништи поради тоа што некои пратеници реагирале дека нивниот глас не е регистриран, на екранот се појавија 74 гласа „за“.
Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, реагираше на повтореното гласање и бараше да се уважи првото. Тој смета дека повтореното изјаснување натерало да гласаат „за“ и одредени пратеници што се двоумеле. Тој само извика „криминалци“.
Претседателот Талат Џафери повтори дека веќе констатирал дека законот за јавно обвинителство е усвоен.