Раде Трајковски Штекли наводно е повреденото лице по експлозија на бомба која денеска се случи во скопската населба Ќерамидница, јавуваат дел од медиумите.

Од полицијата претходно информираа дека утрово во 09:20 часот во дворно место во населба Ќерамидница во Скопје била фрлена експлозивна направа.

-Од експлозијата со повреди се здобил Р.Т., кој е пренесен во ГОБ „Св. Наум Охридски“ за укажување на помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

Пред болницата забележано е зголемено полициско присуство.

Кон Штекли пред неколку месеци за краток период во Трговскиот центар Ист Гејт беа изведени два обида за ликвидација.

Полицијата го започна увидот по експлозијата на бомба во двор во скопска Ќерамидница.

Репортерот на Курир од лице место јавува дека пристапот е ограничен, а екипи од повеќе полициски единици се на терен и вршат увид. Околните жители велат дека експлозијата била многу силна и страшна.

-Првично помислив дека можеби е нешто во топланата, но потоа се утврди дека станува збор за фрлена бомба, вели еден од соседите.

Ова е трет обид за убиство кон Раде Трајковски Штекли. Минатата година, во период од два месеци Штекли беше мета на напади во трговскиот центар Ист Гејт. Во еден од нападите беше погоден со пет куршуми.

Тој е надвор од животна опасност, без сериозни повреди. Според првичните информации тој поминал со помали телесни повреди, по експлозијата на бомба фрлена во неговата семејна куќа.

Испитувања се прават во моментов, но Трајковски е вон животна опасност.

Лицата кои го извршиле нападот сѐ уште не се идентификувани и приведени. Според во инцидентот нема други повредени.