Класичен изборен поткуп се случувал утринава во Велес и околината, објави денеска порталот Република.
Како што е објавено, читатели на Република јавиле дека на приматели на социјална помош денеска по пошта им биле доставени дополнителни 2.000 денари помош. Парите им стигнале на домашна адреса и тоа во време кога е во тек изборниот процес.
Како што дознава порталот, направен е претрес и оти е најдена листата на лица на кои требало да им се доставуваат парите. Изборниот поткуп денеска е главна тема на социјалните мрежи. Неколкумина дури и потврдуваат дека добиле пари.
Станува збор за околу 500 семејства кои земаат социјална помош, нега за трето лице и помош за трето дете.
Од СВР Велес велат дека кај нив никој не пријавил такво нешто.
-Немаме таква информација. За време на избори се појавуваат многу информации кои треба да се проверат, велат оттаму, пренесе Република.