НОВ ОБЈЕКТ НА КРИМ ТЕХНИКА: Спасовски, со европски пари, го почна во 2019, чочек беше најавен за 2021, но не е готов ни во 2023 г.

/ 26.03.2023

Новиот објект на крим-техника чиј старт беше одбележан во декември 2019 година, требаше да биде завршен до 2021, но тој не е готов ни до сега, до 2023 година.

Согласно јавно достапните информации, како што објави порталот Курир, средствата од ЕУ фондовите кои ги користи МВР за изградба на зградата се почнати во декмври 2019 година, а треба да се завршени 2021.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски тогаш уверуваше дека станува збор за објект што ќе биде опремен согласно сите најнови европски полициски стандарди во доменот на крим-техниката, односно форензиката.

-Или, попластично кажано, објект што реално претставува есенција во полициско-истражителското дејствување, така што со право очекуваме, во голема мерка да се подигнат на уште повисоко ниво не само професионалните стандарди, туку и конкретните ефекти на овој дел од оперативното полициско работење, рече Спасовски тогаш.

Но, дали е тоа така?

Средствата кои се одобрени и исплатени изнесуваат 3,1 милион, а се уште не е направен технички прием на објектот.

Зградата е направена со сомнителен квалитет, за што сведочат и следните фотографии, а при проба на водоводната мрежа е настаната и поплава.

Од тоа што е јавно достапно како информација, не е активирана банкарска гаранција приложена од фирмата која ја гради зградата.

Од тука, останува отворено прашањето- Дали има злоупотреба на ЕУ фондови и дали оваа градба која јавноста ја поврзува со ДУИ, е заштитена од министерот Спасовски?

Извор: Курир


Од истата категорија