Маж помеѓу 20-30 години е уапсен поради можноста да бил побврзан со убиството на бугарската новинарка Викторија Маринова, објавен весникот „168 Часа“, објави во средата германската агенција ДПА.
Осомничениот е уапсен во Германија, а наводно ја напуштил Бугарија во неделата и отишол во Германија, каде што живее неговата мајка, пишува весникот.
Телото на Маринова беше пронајдено во саботата во градскиот парк на нејзиниот роден град Русе. Обвинителите велат дека била силувана, претепана и задавена.