Нов подвиг на Голема Богородица планира 13-годишниот Марко Пејчиноски од Охрид, кој лани веќе направи голем подвиг, откако за 9 часа го преплива Охридското Езеро.
– Конечно, сакам и јас нешто да објавам на мојата фан страна. После испливани преку 1.000 км, напорни тренинзи, нервози, препреки, ветришта, браној, дожд, ладно и топло време, официјално ви кажвам дека на празникот Голема Богородица, јас ќе пливам од Охрид до Свети Наум, преку Струга и назад до Охрид. Се глеаме на целта. Господ да ни поможит, мене и на сите, напиша младиот Марко со убав охридски дијалект на Фејсбук.
Македонскиот јунак Марко како дете има доживеано инфракт на коска на долните екстремитет, но упорноста уште еднаш се покажува како победник во животот.