На 20-годишниот Дарко Циревски од Ресен му се потребни околу 26.000 евра за лекување, по кобен скок во вода, кога го повредил рбетниот мозок и од тогаш не може да ги движи рацете и нозете.

Тој пред две години доживеал повреда при скок во вода и дијагностицирана му била quadriplegia (одземеноста на раце и нозе).

За да се подобри неговата состојба, потребен е тримесечен третман во Хрватска, кој чини околу 26 илјади евра, пари кои тој со неговото семејство не можат да ги обезбедат.

– Јас Дарко Циревски 20 години од Ресен во 2017 год. доживеав несреќа при скок во вода го повредив петтиот вратен пршлен, при што настана повреда на ‘рбетниот мозок. Дијагностицирана ми е quadriplegia (одземеност на раце и нозе). По долготрајни терапии и вежби во центрите во Македонија, стигнав до стадиум да ми требаат поинтензивни вежби и роботика со цел што повеќе да се подобри мојата состојба. По консултации со повеќе стручни лица ми е сугерирано да продолжам со поинтензивни терапии во poliklinika Glavic (Zagreb, Hrvatska), каде нивниот третман од 3 месеци чини околу 26.000 евра, цена која јас и моето семејство не можеме да ја обезбедиме, па затоа ги замолувам сите добри и хумани луѓе да ми помогнат да ги соберам потребните финансиски средства и да одам во најкраток можен рок. Ви благодарам од срце.

Броеви за донации:
Телеком: 070-143-144
Вип: 143-470
Трансакциска сметка: 210501677982873 NLB банка“, напиша Дарко на својот профил на Фејсбук.