За моето време и засегнатите, растенијата ги садев додека лежеа на плажите. Тоа ви се вика активен одмор!

Ова е најновиот проект на Фејсбук на градоначалничката на Битола Наташа Петровска:

-Вечерно, филозофски… Пардон, поетски што би рекол некој. Гледам во дел од растенијата во својот двор. Залистала тиквата, со убави жолти цветови, навадена секоја вечер, расти… Јази, се врзува, се вклештила со млади ластари, за наваличето, џунџулето, трендафилите… поклопува безобразно, тикварски, објавува Петровска на Фејсбук.

Натамо во овој нејзин проект пишува:

– Што е најинтересно, ја покажувам првата фотографија (погледнете ја) на пријатели, велат баш убава, слеана до џунџулето. Велам, јок, нејзината „убавина“ ги скрила и засенила трендафилите. Ги угушила. Ама не е крива тиквата, тиква ко тиква, тикварски. И дадов нова насока (втора фотографија). Трендафилите излегоа на виделина. Дури и трендафилчињата во првиот ред. За тиквата, веќе го имам рецептот. Убава пита ќе биде. Патем, неверојатно човек колку може да научи од природата. Ако ја познава. Ако не, ќе си пие само чај од боливач (спознаен на фотографија). За моето време и „засегнатите“, растенијата ги садев додека лежеа на плажите. Тоа ви се вика активен одмор, објавува Петровска.

Таа на крај во P.S. додава: Што би рекле за тиквата да беше човек? Гази по живи трупови. Така беше мислата, не?