Најстариот пациент кој се излекувал од коронавирус има 101 година. Господин Даи живее во Кина, а на 4 март е пуштен од болница во Вухан, пишува италијанскиот весник Матино.
По еднонеделното лекување и двонеделниот карантин господин Даи е излекуван и се врати дома каде го чекаше 98-годишната сопруга.
– Морам да се грижам за сопругата, изјави Даи по излегувањето од болницата, објавија локалните кинески медиуми.
Мажот кој има 101 година и се излекува од коронавирус го постави новиот рекорд: Пред него најстар пациент излекуван од коронавирусот беше 98-годишната Кинезинка Ху Ханинг.
Таа, во тешка состојба беше хоспитализирана заедно со 54-годишната ќерка, но и двете беа излекувани.