НОВ ШОК: Починал возачот на Итната помош од Кочани кој цела ноќ превезувал повредени од дискотеката

/ 17.03.2025

Утрово починал возачот на Брзата помош од Кочани, кој цела ноќ ги превезуваше повредените во страотниот пожар од дискотеката на смртта во Кочани.

Тоа секако е нов шок за Кочани.

Станува збор за Иле Гоцевски, долгогодишен возач на Брза помош, кој починал од стрес и тага кога дошол дома да се одмори по ноќта на хорор. Легнал и повеќе не се разбудил.

Колегите и вработените во Општата болница Кочани, кои се’ уште не можат да се соземат од шокот по трагедијата во која загинаа 59 лица, утрово се простуваат од Иле Гоцевски.


Од истата категорија