Новата година е пред врата и ако немате новогодишна елка – тенко дрвце воопшто нема да претставува проблем бидејќи оваа година е тренд во Скандинавија.

Елките во Скандинавија  се – модерни мали новогодишни дрвца со што помалку украси, по можност – без ниту еден, велат скандинавските експeрти за декорирање.

Скандинавците преферрираат високи и витки стебленца со ретки гранки кои делуваат природно.

Обично ги ставаат во едноставен сад од природни материјали и Дедо Мраз под нив може да остави подароци… Секако, за тие што заслужиле.