Ејч-би-о го претстави најновиот трејлер за своето претпродолжение на серијата „Игра на престоли“ (Game of Thrones) наречено „Куќата на змејот“ (House of the Dragon), како и постери со ликовите.
„Куќата на змејот“ ќе почне со прикажување на 21 август, а автори на остварувањето се Џорџ Р.Р. Мартин, Рајан Кондал и Мигел Сапочник. Улогите ги толкуваат Педи Консидин, Оливија Кук, Мет Смит, Ема Д’Арси, Фабиен Френкел, Рис Ајфанс, Стив Тусен, Ив Бест и Соноја Мизуно.
Заснована на романот „Оган и крв“ (Fire & Blood) на Мартин, серијата се одвива 300 години пред настаните од оригиналната серија, а нагласката е на куќата на Таргариен…
Мигел Сапочник ќе ја режира пилот-епизодата и уште некои епизоди.