Во демирхисарското село Суводол денеска по повод празникот Ѓурѓовден ќе се одржи мултимедијалниот настан насловен „Пастирот, стадото и караманот“, во организација на Македонското здружение за култура, обичаи и традиции „Гороцвет“ од Скопје и Здружението за промоција на култура, уметност, материјален и духовен развој „Центар за креативни индустрии – Небо“ од Суводол.

За обичаите и традициите поврзани со празникот Ѓурѓовден ќе зборува проф. д-р Александар Стерјовски, а осврт за сточарството ќе даде проф. д-р Борче Ангелков.

Во поетскиот дел од настанот ќе настапат Билјана Ѓоревска, Мендо Димовски и Катерина Митковска, која воедно е и жена фармер и претседател на Здружението на просветни работници на Град Скопје, додека во музичкиот дел ќе настапи младиот Ангел Петковски од село Вирово, кој ќе има своја изведба на кавал. Настанот ќе биде збогатен и со ликовен дел во кој ликовниот уметник и хуманост Живко Поповски-Цветин ќе подари „Мироносни цветови“.

Овој настан е прв од ваков карактер во демирхисарскиот регион, а организаторите се надеваат дека во иднина ќе прерасне во традиционална манифестација.