Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ триумфираше и на тенискиот турнир во Дубаи во мечот со Гркот Стефанос Циципас.
Светскиот рекет број 1 победи со 6:3, 6:4 за 1 час и 17 минути игра. Ова е негова петта титула во Дубаи и прва од 2013 година. Ѓоковиќ, кој има 32 години, трипати направи брејк на сервис на Гркот и загуби само еднаш на негов.
Ѓоковиќ покрај освојувањето на својата трета титула сезонава по АТП Купот со Србија и „Австралија опен“ по осми пат, поведе и во своето ривалство против Циципас.
Ова е трет успех за Новак, а Гркот има два.