Нов тунел ќе се гради на патната оска Тирана-Елбасан.

Зелено светло за проектот дал Техничкиот совет за албанските патишта, а тунелот ќе се гради на местото каде лани имаше одрон на земјиштето кај Мамел на линијата која ги поврзува Елбасан и Тирана.

Тунелот, кој ќе биде сличен на тој изграден на патот Лин-Поградец, ќе чини 4,6 милиони долари.

Процесот на спроведување е во завршна фаза, а по неколку дена се очекува да биде објавен и тендерот за компанија која ќе го изведува проектот.

По седум години изградба, автопатот Тирана-Елбасан се очекува да биде завршен годинава со крајна сметка на потрошени 450 милиони долари.