Производителите на пченица на своја кожа ја чувствуваат неспособноста на Заев и на криминалниот картел околу него. Пазарот е презаситен со српско брашно, а државата нема никаква стратегија како да се справи со овој проблем. На само недела дена пред жетвата на пченицата се уште нема потврда дали домашните мелничари ќе го откупуваат домашното производство или не, предупредува ВМРО-ДПМНЕ.

„Ветувањата што Николовски им ги даде на мелничарите дека проблемите ќе ги реши до 30 јуни и дека ќе ја стабилизира состојбата на жетвата се покажаа како една голема лага. Не само што не се решени проблемите туку мелничарите се заканија дека нема да вршат откуп, а земјоделците ќе нема каде да ја пласираат нивната реколта. Со  СДСМ на власт земјоделието запаѓа во целосен хаос.

Николовски се покажа неспособен да го реши проблемот со увозот на брашното и маркичките, притоа не се потруди ни да овозможи непречен откуп по достоинствени цени. Судбината на илјадници производители на пченица, чија примарна дејност е производството на лебно зрно е доведена во прашање. Земјоделците чекаат конкретни решенија се со цел да им се решат проблемите“, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Во истото соопштение се истакнува дека земјоделците не се должни да ја трпат неспособноста на Николовски и неговата желба за министерување и ако тој не знае како да ги реши проблемите со кои се соочуваат земјоделците и да почне да им ги решава нивните проблеми треба под итно да си поднесе оставка и да го отстапи местото на некој што знае како да си ја работи својата работа.