Македон Димитровски, македонското чудо од дете со ново признание.

На математичка олимпијада за основни училишта (MOEMS) во САД, македонската гордост освои златен медал.

Тој на натпреварот учествуваше преку приватното скопско училиштето НОВА, каде учи.

Олимпијадата е основана во 1979 година и е едно од најпознатите натпреварувања од областа на математиката во САД и светот, на која секоја година учествуваат над 120.000 ученици од повеќе од 39 земји.