Австралија планира да воведе одредба со која се бара родителите да се согласат за користење на социјалните мрежи од лицата помлади од 16 години.
Според предлог-законот што денеска беше објавен, компаниите што стојат зад социјалните мрежи се соочуваат со казни до 10 милиони австралиски долари (7,5 милиони американски долари) доколку не ја почитуваат одредбата.
Си-Ен-Ен пренесува дека компаниите што стојат зад социјалните медиуми, како што се форумот Reddit и апликацијата за запознавање Bumble, исто така, ќе треба да преземат одредени мерки за да можат да ја утврдат возраста на корисниците.