Новозеландскиот национален авиопревозник „Ер Њу Зиланд“ откажа најмалку 17 летови кон и од градот Крајстчрч, истакнувајќи дека не може да спроведе безбедносни проверки на патниците и нивниот багаж.
Авиопревозникот соопшти дека летовите на некои помали авиони кои патуваат регионално се откажани, додека поголемите авиони ќе продолжат со слетување и полетување согласно безбедносните проверки кои веќе постојат.
Всушност, патниците во помалите турбопропелерски авиони кои патуваат до или од Крајстчрч не поминуваат низ сигурносни проверки и можат да влезат директно во авионот.
„Ер Њу Зиланд“ соопшти дека безбедноста на клиентите и вработените им е најважна и се извини поради непријатноста.
Во нападот во Крајсрчрч, што го изведоа четворица напаѓачи, според последните информации, загинаа 49 лица, а повеќе од 20 се потешко ранети.