Принцот Хари и војвотката од Сасекс, Меган Маркл на Нов Зеланд беа пречекани со традиционален маорски поздрав.
Тие учествуваа во хонги односно во триење на носевите со маорските старешини.
Потоа Меган и Хари присуствуваа на пофири – традиционална церемонија на која се танцува и пее.
Двојката на аеродромот беше пречекана од новозеландската премиерка Џесинда Арден.