Рибарска екипа која со чартер лет дојде во Нов Зеланд со себе го донесоа и коронавирусот, соопштија денеска претставници на Министерството за здравство на Нов Зеланд.

Тие наведуваат дека 11 лица се позитивни на коронавирус и дека се очекуваат резултати за уште 14 лица.

Членовите на екипажот откако пристигнале се сместени во карантин, а утврдено е дека се позитивни за време на рутинското тестирање

Џереми Хелсон, извршен директор на компанијата „Морски плодови“ од Нов Зеланд, изјави дека сите рибари биле тестирани пред да полетаат за Нов Зеланд и дека биле негативни на тестовите.

– Додека сè уште чекаме на конечниот број заразени рибари, фактот дека сите се во карантин покажува дека нашиот систем функционира добро, рече Хелсон.

Познато е дека некои од рибарите дошле од Русија и Украина претходните денови.