Во 18.01 часот јак земјотрес повторно ја потресе Хрватска. Според тамошните медиуми, траел десетина секунди.
ЕМСЦ првично јави дека земјотресот имал сила од 5,3 степени според Рихтер, но потоа се корегираше и објави дека земјотресот бил со сила од 5 степени според Рихтер.
Епицентарот бил 45 ккм југоситочно од Загреб на подрачјето на Петриња. Засега нема информации за штети или повреди.