Нов земјотрес со јачина од 5,1 степен со епицентар од 30 километри западно од Лариса вечерва во 19:24 часот беше регистриран во Грција.
Најмалку 20 земјотреси имаше денеска во истата област со јачина од над 3 степени, а барем десетина беа и над 4 степени.
Најсилниот беше во 10:16 часот со 6,3 степени, што предизвика материјална штета во Лариса и во другите помали градови во околината.
Видеото е од утринскиот земјотрес.