НОВ ЗЕМЈОТРЕС ВО МАВРОВО: По утринскиот од 5 степени, на пладне потрес од 4,4 според Рихтер

/ 11.11.2020

Сеизмолошките опсерватории, денеска точно на пладне кај Маврово регистрирале нов земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала.

Ова е втор регистриран земјотрес денеска, по утринскиот кој беше почувствуван низ цела Македонија.

Според информациите од сеизмолошката опсерваторија при ПМФ утринскиот земјотрес бил со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала.

Земјотресот кој се случил во 4 часот и 54 минути бил почувствуван на цела територија на Македонија, а епицентарот се наоѓал 50 километри југозападно од Скопје, во епицентралното подрачје Тетово-Гостивар, во близина на Маврово, на длабочина од 8,5 километри.


Од истата категорија