Според анкетата која вечерва беше објавена на Телма телевизија, за Зоран Заев како евентуален претседателски кандидат би гласале повеќе Албанци отколку Македонци. Зад Заев освен 10,2 отсто од Македонците би гласале и 11,2 отсто од Албанците.
Податоците упатуваат на тоа дека рејтингот на Зоран Заев кај Македонците опаѓа. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, според оваа анкета ужива поголема поддршка од македонскиот народ, а поголем процент доверба од Заев има дури и министерот за надворешни работи, Никола Димитров.
Од друга страна, кај Албанците, Заев е омилен политичар меѓу останатите политичари Македонци. Според анкетата, Мицкоски има нула поддршка кај Албанците, а прашање е колку овоаа бројак е реална.
Најголема доверба меѓу албанските политичари, кај Албанците во Македонија ужива Бујар Османи кој не може да биде претседателски кандидат поради својата возраст, односно бидејќи ги нема потребните години да се кандидира за оваа функција.