“Отворањето на „Европска куќа“ во Струмица е уште едно успешно поглавје и попатна станица до вистинската цел – членството на Северна Македонија во Европската Унија. Овој нов и модерно организиран простор за младите од Струмица, ќе биде место за средби, дискусии, информирање и учење. Место за организирање настани, за гледање филмови, и за различни други културни забавни активности“, напиша Зоран Заев.
Тој напиша дека оваа „Европска куќа“ е ЕВРОПСКИ ДОМ за младите струмичани.
-Младите како вистински препознавачи на европските вредности го заслужуваат своето место во ЕВРОПСКОТО СЕМЕЈСТВО, заедно со сите свои врсници од земјава и со врсниците од Европа, напиша Заев.
Но доколку ги погледнете фотографиите објавени на Фејсбук профилите на Заев и ЕУ, ќе забележите една многу чудна ситуација.
Имено младите гледаат во празни папки со логото на ЕУ.