Нова демократија прва, СИРИЗА втора, Движење на промена трета е резултатот од објавените излезните анкети, односно проценките за резултатот на изборите за ЕП од агенциите за рејтинг во Грција, во соработка со грчките телевизии, јави дописничката на МИА од Атина.
Приватните телевизии Скај, Стар, Антена, Алфа, Уан и Опен објавија заеднички излени анкети во соработка со агенциите „Пулс“, МРБ, МАРК, „Метрон аланисис“ и АЛКО, додека пак државната ЕРТ своја проценка во соработка со агенцијата за рејтинг „Капа рисрч“.
Резултатите од 80 отсто од преброените излезни анкети за приватните телевизии се:
Нова демократија 32-36 проценти
СИРИЗА 25-29 проценти
Движење на промена 7-9 проценти
Златна зора 5-7 проценти
Комунистичка партија на Грција 5-7 проценти
Грчко решение 2.5-4.5 проценти
Резултатите од 80 отсто преброени гласови на излените анкети за државната ЕРТ се:
Нова демократија 30.5-33.5 проценти
СИРИЗА 25.8-28.5 проценти
Движење на промена 6-8 проценти
Златна зора 6-8 проценти
Комунистичка партија на Грција 5-7 проценти
Сепак, станува збор за проценки на агенциите за рејтинг, а не за официјални резултати.
Првите официјални резултати од Министерството за внатрешни работи на Грција, кое што е и надлежно за пребројување на гласовите, се очекуваат по 21 часот по грчко време.