Излезе од печат новата збирка поезија “Балканско Хаику – Харакири” на македонскиот поет и лекар Александар С. Трајковски, во издание на Здружението за книжевен развој “Нов Вавилон” од Битола.
Книгата е пишувана во стилот на јапонската поезија Хаику, но со Балкански шмек, опишувајќи го менталитетот што секојдневно не’ опкружува, со сите негови маани, преку досетки и шеги, на начин карактеристичен за авторот.
Рецензијата на книгата ја направи м-р Никола Илијовски, кој воедно е главен уредник на оваа издавачко здружение и член на македонското друштво на писатели.
Промоцијата е планирана да се одржи во текот на месец март 2023 година.
На крајот да напоменеме дека д-р Александар С. Трајковски е добитник на прва награда за најдобра поетска творба на Меѓународниот литературен фестивал “Божиќна литература 2022” во организација на писателката Милица Паулус.
Авторот е дипломиран м-р. доктор, македонски поет, преведувач и толкувач, член и дел од МАКЕДОНСКОТО НАУЧНО ДРУШТВО – БИТОЛА, член на Клубот на писатели “КОСТА СОЛЕВ РАЦИН” – Велес и Здружението на преведувачи и толчкувачи (ЗПРМ).