Уметникот Сокол Марковски донира свое дело во хуманитарни цели за погодените во земјотресите во Турција и Сирија. Делото насловено „Болка“, е ставено на продажба, а купувачот средствата треба да ги уплати на сметка на Црвениот крст на РСМ. Сликата чини 300 евра.

– Болката е таа што ме поттикна да понудам мое дело за жртвите од земјотресот во Турција и Сирија, изјави Марковски.

Сликата „Болка“ е со димензии 180 на 110. Заинтересираните купувачи, можат да го контактираат уметникот Сокол Марковски на неговиот профил на Фејсбук.