Очајни се потезите на владејачката партија во заминување – СДСМ, но тоа не треба да нѐ изненадува кога ќе ја земеме во предвид паниката која владее во нивните редови поради сѐ поизвесниот дебакал кој ќе го доживеат на предвремените парламентарни избори во среда.

Ако сакаме да визуелизираме очај тогаш доволно е да го проследиме настапот на носителот во Изборната единица 1, рециклираниот министер Никола Димитров на централнит настан во Скопје. Човекот избезумено спомнуваше некакви си рефлектори со кои тој ќе бил гласот на правдата. Не знам како да му кажам ама нас не ни се потребни рефлектори за да ги видиме сите криминали кои ги направија изминатите години притоа успешно менаџирајки го “трас – трас” судството.

Фала му на Господ истите може да се видат од Месечина и тоа со голо око.
Да се потсетиме дека истиот рециклиран режимец со ентузијам изјави дека “ќе не биде” кога го формираа Специјалното Јавно Обвинителство, кога на голема врата ја носеа “правдата” во Македонија со чија помош манипулираа и монтираа судски процеси за притисоци и лично богатење.

Е сега доколку сакаме да прочитаме очај тогаш доволно е да ги прочитаме писанијата на големите умови, експерти на Социјал Демократскиот Сојуз, на пример на Ѓорѓи Спасов. Веројатно од само нему лично познати причини мисли дека ќе им успее тактиката да ги наведат граѓаните кои сакаат да гласаат за ВМРО да го направт гласачкото ливче неважечко со тоа што ќе ја пречкртаат Северна или бројот 3. Просто да им позавиди човек на суетата која ја имаат и бескруполозноста во обидите да го понижат народот од кои бараат поддршка за изборна победа. Навистина не знам во кој учебник од политички теории Спасов прочитал дека е коректно да ја вреѓаш интелигенцијата на сопствениот народ, особено на народ кој не излегува прв пат на избори и многу добро знае како треба да гласа. Професорот изгледа подзаборавил дека стравот е најголемиот непријател на човекот и кога си во паника тогаш пристапуваш кон очајни методи како сламка за спас. Исто така заборавил дека за манипулација треба интелигенција, а не ароганција и дека таа ароганција скапо ги чинела во минатото, а сега ќе ги чини уште поскапо.

И за крај очајни се и на социјалните медиуми каде последните денови жестоко “разобличуваат” кој стои позади нечиј профил, со вадење имиња презимња, слики, омаловажувње и плукање по секој што мисли различно. Така ја поимаат демократијата, ако се дрзнеш да ја критикуваш власта ќе те извадат со име и презиме, очајно мислејќи дека на тој начин ќе ги замолчат луѓето во искажувањето на своите ставови. При тоа заборавајќи дека ризикуваат тужба од лицата чии имиња и слики ги тркалаат во обид некого да замолчат и да ќарат некој поен.
Го допреа и пробија дното. Барем да се обидат достоинствено да го поднесат поразот кој неминовно им следи, а кој е резултат на нивните погубни политики, вака само сѐ повеќе тонат во очај.

Мартина Басарова Ѓеровска