Си ја вршат ли институциите работата или служат за прикривање на незаконитостите и криминалите на функционерите на СДС, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ, а одговорот е најавен в понеделник.
-Дали наместо во служба на народот, група луѓе од СДС и ДУИ си работи за себе? Колку се почитуваат законите? И колку се применуваат? В понеделник на прес конференција во 12 часот ќе откриеме голема афера во милионски износ. Низ факти до одговор на прашањето зошто Македонија тоне, затоа што наместо работа се прави криминал, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.