Нова оставка во администравцијата на американскиот претседтаел Доналд Трамп била поднесена синоќа, јавија американски медиуми. Од функција си заминува шефот на Кабинетот на Пентагон контраадмирал Кевин Свијни.
Тоа го најавил самиот тој во куса изјава за темата.
– По две години работа во Пентагон одлучив дека е вистинскиот момент да се вратам во приватниот сектор, изјави тој. На функција беше поставен во почетокот на 2017 година.
Оставката е во момент на проблеми во Министерството за одбрана.
Министерот за одбрана Џим Матис веќе поднесе оставка по само еден ден откако Трамп објави дека ги полекува војниците од Сирија. И портапролката на Пентагон, Дана Вајт објави дека поднела оставка. Таа го соопшти тоа преку својот профил на Твитер.