Британската премиерка Тереза Меј може одново да го одложи гласањето за брегзит во британскиот Парламент. Тоа го објави весникот Сандеј телеграф, повикувајќи се на свои извори во нејзината партија.

Таа веќе еднаш го направи тоа, во обид да се предоговори за зделката со Брисел. Меј преживеа по гласање недоверба, но го загуби мнозинството.

В среда почнуваат дебатите за нејзиниот договор со ЕУ за брегзит.

Пред неколку денови стана јасно дека повеќе од половината членови на Конзервативната партија на Британија сакаат договорот на Меј со ЕУ за брегзит да биде отфрлен. Тие сакаат напуштање на ЕУ без договор. Официјално, Лондон треба да ја напушти ЕУ во крајот на март.