Членови на бразилските елитни Национални полициски силли се распоредени во североисточната држава Сеара за да помогнат да се запре бранот насилства во кој во изминатите четири денови имаше напади врз банки, полициски станици, автобуси и станбени згради.

Одделот за јавна безбедност во таа држава соопшти дека речиси 300 полицајци пристигнале во главниот град Форталеза или во повеќе од 10 градови ширум државата.

Властите веруваат дека нападите ги наредиле криминални групи во знак на одмазда поради планови за воведување остри контроли во државните затвори. Досега нема информации за жртви во насилствата.