Претставниците на косовските владејачки партии постигнаа договор за последната фаза од дијалогот за нормализирање на односите меѓу Косово и Србија.
Договорот треба да се поднесе на разгледување и усвојување до Парламентот на Косово.
Во него се нагласува за правно обврзувачки договор меѓу Република Косово и Република Србија што ќе овозможи целосно нормализирање на односите на двете соседни земји, почитувајќи го суверенитетот и територијалниот интегритет.
„Суверенитетот и територијалниот интегритет на Република Косово се недопирливи и не можат да бидат доведени во прашање и ќе бидат заштитени со сите средства утврдени со Уставот и законите. Косово не го прифаќа третиот степен на власт кој може да ја поткопа внатрешната уставна и институционална функционалност на Косово”, вели во точка два од нацрт-резолуцијата.
Точката три истакнува дека Косово силно ја поддржува олеснувачката улога на ЕУ и САД во постигнувањето меѓународно правно обврзувачки договор што ќе ја гарантира неговата примена.
Меѓународно правно обврзувачки договор ќе овозможи на членството на Косово во ОН и сите други меѓународни организации во кои се уште не е регистрирано. Косовското Собрание проценува дека меѓународно правно обврзувачки договор, исто така, значително ќе го забрза членството во ЕУ и во НАТО.