Денеска во сообраќајка загина пешак на мостот „Гоце Делчев“ во Скопје. Од ударот на возилото починал 76-годишен скопјанец.
Според информациите мои ги објавија повеќе медиуми, автомобилот го возела мајката на загинатата Јелена Филиповиќ – девојката чии фотографии на билборди осамнаа пред скопскиот кривичен суд со напис „Возев пијан и дрогиран, ја убив Јелена“.
Обвинител од ОЈО Скопје извршил увид и презема дејства за утврдување на фактите за настанатата трагедија во близина на мостот Гоце Делчев во центарот на Скопје.
Првичните информации се дека до несреќата дошло кога автомобил марка БМВ со кумановски регистерски таблички со кој управувала Г.Ф. (42) удрил во пешак С.А. (76) кој преминувал непосредно во близина на мостот. Телото на починатиот ќе биде предадено на обдукција.
Крв и урина се земени од лицето што го управувало белото БМВ со кумановски регистарски таблици, за да се испита дали имало алкохол или дрога, а прегледан ќе биде и автомобилот.