Предизвиците се коишто се соочуваме се дивите продавачи на текстил и земјоделски производи, вели Костадин Костадинов, градоначалник на Струмица и до неодамна пратеник и портпарол на СДСМ од минатото време на неговиот сограѓанин Зоран Заев.

Костадинов кој катадневно излегуваше на прес-конференции на кои „предизвик му беше антизападниот Мицкоски“ сега има други предизвици.

– И денеска го испочитувавме договорот со партнерите во Локалниот совет за превенција на општина Струмица, секоја последна среда во месецот да одржуваме работна конференција на којашто ги разгледуваме и бараме решенија за актуелните проблеми во градот и општината. Предизвиците се коишто се соочуваме се дивите продавачи на текстил и земјоделски производи. Имаме подобрување на состојбата, има појава на 2-3 тезги, но не се стотина колку што беа порано. Фактот дека се зголемени резервациите за тезги во пазарот „Чешел“ ни укажува дека заклучоците што ги носиме со сите партнери и чинители на Локалниот совет за превенција, даваат резултати, објави меѓу другото Костадинов на Фејсбук.

Костадинов ќе остане запаметен како портпарол со неговите „розови очила“ со кои гледаше на власта и „темните очила“ со кои речиси секој ден и пред седиштето на опозициската ВМРО-ДПМНЕ држеше прес-конференции со пофалби за резултатите на тогашниот негов шеф Заев и како што секој ден го прозиваше „антизападниот Христијан Мицкоски“.

(Д. Г.)