Сега цените на становите во Скопје наместо во евра и денари, полесно и поедноставно се пресметуваат во „ноќевања на Буши“ во Истанбул.
Така, во просек, едно ноќевање чини колку 20 квадратни метри стан во Скопје.
На темата „ноќевања на Буши“ коментираше и пратеникот и претсдател на партијата Левица, Димитар Апасиев:
– Заменик министерот за внатрешни работи, од редовите на ДУИ, Назим Буши платил 20.000 евра за една вечер во суперлуксузен претседателски апартман во хотел во Истанбул!? А бе, браааат… па јас земав станбен кредит 60.000 евра, што ќе го отплаќам до пензија. Што не дојде, три вечери, кај мене да отспиеш?- иронично коментира Апасиев на неговиот профил на Фејсбук.
Заменикот на министерот Оливер Спасовски во МВР, Буши како што веќе објавивме, за едно ноќевање во луксузен хотел во Истанбул платил 20.000 евра. Вчера од Кабинетот на Буши појаснија дека „парите не биле од буџетот на МВР“, туку приватни, односно „некој пријател го честел Буши“.
(Д. Г.)