ВМРО-ДПМНЕ го одржа редовниот 18-ти конгрес на кој беа потврдени досегашните успешни политики, под водство на претседателот Христијан Мицкоски, кои го трасираат патот на раст и развој на државата во успешна, модерна и просперитетна Македонија, велат во партиското соопштение од владејачката партија.
Како носител на државноста, ВМРО-ДПМНЕ на партискиот конгрес отвори ново поглавје на политичкото делување, донесе важен документ, Стратегија 2025-2030 пропратено со нова парадигма, идеолошки кодекс на партијата и договор со граѓаните.
Тоа е визија за стабилна, продуктивна, правична и европски позиционирана држава, со економија што расте на знаење и труд, со институции што опстојуваат над политичките циклуси, со самосвесен национален идентитет, со зелен и технолошки развој, и со општество што верува во заедничката иднина.
Со усвојувањето на Стратегијата, ВМРО-ДПМНЕ создаде нешто што е повеќе од политички документи, тоа национален патоказ и рамка што ќе ја стабилизира државата, ќе ја европеизира без да ја разредува, ќе ја зајакне без да ја изолира, што ќе ја направи конкурентна без да ја изгуби својата духовна и историска вертикала.
Ова платформа не е обичен документ, туку национален договор што треба да го дефинира животот на државата и развојот на партијата во следната деценија. Тоа е рамката што ја става Македонија во европската иднина без да ја загуби својата историска вертикала, патоказ што гарантира стабилни институции, модерна економија, почитувана дипломатија и самосвесна држава.
Стратегијата овозможува да се чува и негува историското наследство на македонската државност создадена низ долг и тежок процес, затоа што Македонија може да биде европска само ако е стабилна во својата самосвест и сигурна во сопствениот идентитет.
Визијата за современа Македонија почива на јасни принципи, држава што го чува својот идентитет, што ја брани својата суверена позиција и ја гради својата европска перспектива врз основа на партнерства, реформи и достоинствено претставување.
Македонија на идните генерации значи развиена и силна економија, каде домашните компании ќе станат мотор на растот, индустрии базирани на знаење, напредни ИКТ технологии, вештачка интелигенција, дигитализација и автоматизација, предвидлива фискална политика.
Токму во оваа рамка се содржани надежта, реализмот и одговорноста што мора да ја водат политиката во следната декада, тоа е визија која треба да ја гради државата за генерацијата која доаѓа.
Македонија може и мора да биде силна, конкурентна и стабилна држава. Тоа бара работа, постојаност и политичко лидерство што не се води од дневни импулси, туку од стратешка мисла.
ВМРО-ДПМНЕ не пишува програма, ВМРО-ДПМНЕ создава договор со иднината, се вели во соопштението на партијата.




