[Њујорк, 25 март 2025] – Оваа недела ќе биде официјалното лансирање на Американската Балканска Стопанска Комора (ABCC), организација посветена на јакнење на економските врски и бизнис можностите помеѓу Соединетите Американски Држави и Балканскиот регион. Комората ќе биде клучен мост кој ги поврзува американските компании со Балканот и истовремено ги поддржува балканските компании кои сакаат да го освојат американскиот пазар.
„Основањето на Американската Балканска Стопанска Комора претставува важен чекор во трансатлантската трговија,“ изјави Елиза Пренџов, претседател на ABCC. „Балканскиот регион нуди огромни можности за американските компании, додека пазарот на САД претставува значителен потенцијал за балканските компании. Нашата мисија е да jа помогнеме во оваа соработка и да создадеме долгорочни партнерства.“
Клучните иницијативи на ABCC ќе вклучуваат:
● Промоција и олеснување на инвестиции
● Трговски мисии и бизнис делегации
● Консултантски услуги за влез на пазарот
● Мрежни настани и бизнис поврзувања
● Поддршка за политики и регулаторни насоки
● Образовни програми за бизнис
● Промоција на туризам
Комората започнува со видни и успешни членови од американски и балкански компании, од различни индустрии и го одразуваат силниот интерес за зајакнување на економските врски помеѓу овие региони.
Инаугуративниот настан ќе се одржи во Њујорк на 27 март 2025 година, и панел дискусии фокусирани на стратегиите за влез на пазарот и меѓукултурни бизнис практики.
За Американската Балканска Стопанска Комора Американската Балканска Стопанска Комора (ABCC) е непрофитна организација која има за цел да промовира трговијата и инвестиции помеѓу Соединетите Американски Држави и сите земји во Балканскиот регион. Комората ќе работи како поддршка на бизнисите од стартапи до мултинационални корпорации, обезбедувајќи ресурси и поврзувања за успех во двата пазара.
За повеќе информации за претстојните настани, посетете ја www.americanbalkancc.org или контактирајте на info@americanbalkancc.org.