По одличниот деби-сингл „Не сум твој тип“, триото „Дупер“ објави песна насловена „Тело за на ТВ“. Новата песна тешко дека ќе го повори успехот на „Не сум твој тип“. Групата ја сочинуваат Борис Какуринов (гитара и клавијатурa), Илчо Нечовски (вокал и бас гитара) и Мартина Баракоска (тапани). За снимањето, миксот и мастерот се погрижи Дејан Момироски во неговото студио „Икс-ел“.
Сето тоа визуелно го дополни Томи Акимовски, чиј потпис стои на режијата на придружното видео за „Тело за на ТВ“.