Манекенката Јекатерина Стецјук пред три месеци била уапсена затоа што се обидела, наводно, да го убие работодавецот од Пакистан. Тој се обидел да ја силува, таа во одбрана го ранила и потоа гола скокнала од шестиот кат на зградата.

Неколку месеци по страшниот настан, таа се враќа во Русија и конечно успева јавно да проговори за кошмарното искуство.

На ревијата во Дубаи била поканета од модна агенција. Кога пристигнала, се сретнала со продуцентот од Пакистан во хотелска соба, но наместо да разговараат за работа, тој се обидел да ја допира непристојно.

Кога го одбила, тој збеснал. Манекенката се обидела да се извлече, но тој насилно ја зграпчил и со закана со нож се обидел да ја натера да се соблече. Се спасила така што скокнала од прозорецот на шестиот кат, а преживеала поради висока настрешница, која го ублажила падот.

Манекенката се здобила со страшни повреди на ‘рбетот и двапати била оперирана. Додека таа била во болница, дошла полицијата, бидејќи агентот пријавил дека таа се обидела да го убие. Во инвалидска колечка била сместена во затвор и дека никој не ѝ верувал дека Пакистанецот е тој кој го предизвикал инцидентот.

Своето заминување во Дубаи го смета за глупост и лудост, но не обвинува никој друг за својата желба за авантура. Сепак, ги советува сите млади манекенки да бидат внимателни и секогаш да пријавуваат доколку станат жртви на насилство.