Новата цена на струјата треба да се соопшти на почетокот од идната недела, објави Телма. Вчера во Регулаторната комисија се одржала подготвителна седница на која според информациите, енергетските компании излегле со забелешки во однос на предлог одлуките на регулаторите.

Според одлуките на комисијата ценат на услугата на Електродистрибуција се зголемува за 13,37 отсто, на МЕПСО за 13, 37 проценти и на МЕМО за речиси 36 отсто, но ова енергетско тело има незначително учество во крајната цена за домаќинствата и малите потрошувачи.

Од друга страна пак според информациите во сметките за струја ќе има поевтинување на мрежарината, за која изминатиот период доста граѓани реагираа дека во фактурите плаќаат повеќе за тоа отколку за потрошената енергија.

Но паралелно се издвојува нова ставка за пристап до мрежа која ќе ја плаќаат оние со празни викендички, куќи станови. ЕСМ пак од јануари на ЕВН ХОУМ ќе и ја продава својата струја за 57 евра за мегават час 7, 5 отсто поскапо од претходно. Ова се речиси главните параметри кои влијаат на крајната цена на електричната енергија. Но, дали ќе има некое поевтинување, зголемување, што е најверојатно, или пак ќе остане иста ќе се знае за неколку дена. Новата цена ќе важи од јануари.